Коко Гауф миленичката на публиката во Њу Јорк, се пласира во втората рунда на УС Опен. Младата Американка со многу мака успеа да ја совлада Германката, Лаура Сигемунд.
6-тата носителка го загуби првиот сет со 3-6, но следните два ги реши во своја полза со 6-2 и 6-4.
Гауф во следната рунда за противничка ќе ја има супер талентираната 16-годишна Мира Андреева која е 64-та на ВТА листата.
Интересен дуел нé очекува во втората рунда кај дамите. Старите познаничка Петра Квитова и Каролине Возњаски ќе играат во него.
Ова откако 11-носителка Квитова со 2:0 ја победи Бусака од Шпанија, а Возњацки која сега е дури на 632-,место на ВТА листата славеше во два сета над Русинката, Прозорова.