Екипата на ТФТ го потврди и четвртото американско засилување за пристојната сезона.
Станува збор за Дејвид Мичел Хотон кој и минатата сезона го носеше дресот на тимот од скопската населба Тафталиџе.
Тој е четвртиот Американец во составот на Боро Смилковски.
Покрај Хотон, во тимот се врати и Двејн Морган, кој за ТФТ настануваше пред една сезона. Нови имиња се, Треј Вирц и Џелани Симонс.
Екипата на ТФТ и претстојната сезона има амбиции за највисок пласман во домашното првенство, како и Купот на Македонија, кој го освои пред две години.
Воедно составот од Тафталиџе, повторно ќе игра и во регионалната АБА 2 лига, во која мак-баскетот ќе го претставуваат и тимовите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.