Завршија првите четири натпревари од денешната програма на Светското кошаркарско првенство.
По одигрувањето на овие дуели од последното 3.коло по групи, Германија со победата над Финска ја потврди првата позиција на табелата во „Е“ групата. За втората што води во разигрувањето Австралија на полувремето има убедлива предност над Јапонија (+22).
И во групата „А“ селекцијата на Доминиканската Република е првопласирана со три победи откако денеска ја совлада Ангола. Африканците се надеваат на услуга и чудо од домаќинот Филипини кој треба да ја победи Италија над 24 разлика, за Ангола да продолжи понатаму.
Египет и Мексико, како и Франција и Либан играат за честа, бидејќи сите четирите селекции и пред оваа рунда ги загубија шанси за осминафинале.
Последните два натпревари се дуели на репрезентациите кои се веќе осминафиналисти, но кои ќе се обидат да завршат како прво пласирани во своите групи.
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ
* ГЕРМАНИЈА – ФИНСКА 101 – 75
* ДОМИНИКАНА – АНГОЛА 75 – 67
ЕГИПЕТ – МЕКСИКО 100 – 72
ФРАНЦИЈА – ЛИБАН 85 – 79
АВСТРАЛИЈА – ЈАПОНИЈА 57 – 35 полувреме
14.00 ФИЛИПИНИ – ИТАЛИЈА (група А)
14.30 * ЦРНА ГОРА – * ЛИТВАНИЈА (група Д) за 1.место
15.30 * КАНАДА – * ЛЕТОНИЈА (група Х) за 1.место
* Репрезентации кои веќе обезбедија пласман во осминафиналето