Македонските репрезентативци во „кантер“ во моментов се натпреваруваат на 15-тото Светското првенство, кое оваа година се одржува во Јаш, Романија.
Македонија се натпреварува во три игри (CS:GO, Tekken и eFootball).
Првенството започна на 24 август, со групна фаза каде има вкупно 4 групи односно 24 тима. Репрезентацијата на Македонија во „кантер“ првите два дена се натпреваруваше против Чешка, Србија, Индонезија, САД и Алжир.
Вчера заврши групната фаза каде Македонија заврши на второто место, одлучувачки за позицијата беше последниот меч против Србија. Двете екипи беа изедначени, но нашите момци го загубија овој меч со 16-12.
Денеска македонските „кантераши“ ќе играат против Данска, мечот се игра во 17 часот по македонско време и може да се следни на следниот линк.
Покрај „кантер“ Македонија ја претставуваат и Александар Мукаетов во Tekken и Антонио Стеваноски во „eFootball“, кој го завршија натпреварувањето уште во групната фаза.