Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска имаат мали напредок на најновата ВТА ранг листата.
Ѓорческа со 312 поени се наоѓа на 233-то место или скок за четири места. Стоилковска е рангирана на 1345-то место со 5 поени (скок шест позиции).
Ѓорческа оваа недела ќе се подготвува за следните два турнира првиот во Виена, а потоа следната недела во Скопје.
Стоилоковска пак неделава ја очекува настап на фјучрсот во Куршумлијска Бања каде е директна учесничка.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа е рангирана на 283.то место со 284 поени (пад за едно место), додека Александра Симева е рангирана на 1435.то место со три поени (пад за две места).