Екипата на тетовска Шкендија останува единствената која има максимален ефект во Првата македонска фудбалска лига.

Ова откако попладнево по дуелите од 5.коло, струмичка Брера  загубија на гостувањето во Штип од Брегалница. Победникот беше решен во 27.минута кога Костариканец, Фабрицио Венегас го постигна единствениот гол. 

Тетовци со голем пресврт не само што се спасија од пораз против Работнички, туку во судиското дополнение и славеа победа.  Иако Работнички од 28-минута со голот на Кагиму водеше се до 90-тата, сепак во дополнетото прими два гола. Прво Бруно Дита (90+1) израмни на 1-1, а потоа Красниќи (во 90+6) му донесоа победа на тимот од Тетово со 2-1.

На натпреварите во Кратово и Чаир беа постигнати по четири гола. Силекс и Македонија Ѓорче одиграа без победник, Исто  постигнат во Чаир, каде Шкупи го совлада Гостивар. 

На натпреварот во Кавадарци, фудбалерите на Тиквеш и Воска спорт постигнаа по еден гол. 

Поради настапот на македонскиот првак во Конференциската лига, дуелот од ова коло, Струга ТЛ – Вардар е закажан дури за 1 октомври.

ПМФЛ – 5.КОЛО (резултати)
денеска
БРЕГАЛНИЦА – БРЕРА СТРУМИЦА 1-0
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-2
ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 1-1
ШКУПИ – ГОСТИВАР 3-1
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-2
1 октомври
СТРУГА ТЛ – ВАРДАР