Екипата на Манчестер Јунајтед со голем пресврт стигна до трите бодови во дуелот со Нотингем Форест кој имаше и два гола предност. Јунајтед славеше со 3-2 во натпревар од 3-тото коло на Премиер лигата.
На натпреварот одигран на „Олд Трафорд“ гостите стартуваа фантастично. Со головите на Нигериецот, Таиво Авонији во втората и Вили Боли во четвртата минута, Нотингем Форест поведе со 2-0.
Јунајтед во игра се врати со погодокот на Данецот, Кристијан Ериксен во 17-тата минута.
Иако до крајот на полувремето двата тима создадоа уште по неколку шанси резултатот остана не променет (1-2).
Во вториот дел. По само седум минути игра по одличното уфрлање кон Фернандеш, Португалецот убаво со глава спушти до Касемиро кој израмни на 2-2.
Притисокот на „црвените ѓаволи“ вроди со плод и во 76-тата минута, кога Бруно Фернандеш го реализира пеналот.
За Јунајтед ова беше втора победам додека Нотингем Форест го претрпе вториот пораз.