Последен ден натпревари на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што се одржува во Охрид.

Програмата ќе ја отворат македонските екипи Голден Арт и Бутел со дуелот за седмата позиција. Потоа следува средбата за петтото место меѓу српската Металопластика и турскиот Бешикташ.

Во попладневниот термин. Домаќинот Охрид за третото место ќе се надигрува со словачкиот Татран Прешов.

Финалето е закажано за вечерниот термин во кој македонскиот шампион Еурофарм Пелистер за трофејот ќе се бори со грчки Олимпијакос.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВИ ЖИВО ОВДЕ (кликни на линкот)

РАКОМЕТ ОХРИД (сабота)
11:00 за 7 место   ГОЛДЕН АРТ – БУТЕЛ
13:15 за 5 место   МЕТАЛОПЛАСТИЈА – БЕШИКТАШ
18:00 за 3 место   ОХРИД – ТАТРАН ПРЕШОВ
20:15 Финале       ЕУРОФАМ ПЕЛИСТЕР – ОЛИМПИЈАКОС