Англискиот вице-првак Арсенал одигра 2-2 против Фулам во натпревар од 3.коло на Премиер лигата.
Супер интересен фудбал на „Емирати“ одиграа Арсенал и Фулам, меч во кој гостите веќе во првата минута со голот на Переира дојдоа во водство
Но, тоа не ги поколеба домаќините, Арсенал тргна со сите сили до до паузата не успеа да го израмни резултатот,
Во вториот дел уште поголеми возбудувања.
Во 67.минута беше соборен Вијера, кој Сака рутински го реализираше за 1:1.
Вијера беше играч на натпреварот. Во 73.-тата минута мајсторски ја пронајде Нкетија за водство на Арсенал од 2:1.
Возбудувањата не завршија тука, бидејќи гостите во 83.минута останаа со играч помалку, откако Баси заработи исклучување.
Но, и со десетмина Фулам успеа да стигне до израмнување. Само четири минути подоцна по корнерот од десната страна Палиња израмни на 2:2.
Иако имаше и дополнение од 10 минути, сепак Арсенал не успеа да постигне трет гол и да ги освои трите бода, па двата тима мораа да се задоволат со по еден.