Екипата на Вардар одигра 2-2 со Силекс и го одвои првиот боде сезонава. На вчерашниот натпревар, вардарци ги предводеше повратникот на клупата Александар Васоски.

„Без ниту еден заеднички тренинг, го минавме натпреварот со Силекс. Одигравме 2-2 и може да жалиме за тоа, но го освоивме првиот бод што е поважно“, изјави Васоски.

Тој на денешната прес конференција, каде беа презентирани плановите на вардарци за тековната сезона се осврна на спортскиот дел.

„Чест и задоволство е што се враќам во клубот кој ми дал многу, затоа моја обврска е да вратам кога е најмногу потребно. Од спортскиот дел. Немаме време да менуваме многу. Ќе се обидеме да истуркаме најдобро што можеме до крајот на годината (полусезоната), да собереме што е можно повеќе бодови. Во вториот дел ќе размислуваме за повеќе. Ќе играме и во купот, кој ќе се обидеме да го освоиме и да излеземе во Европа. Но, да не скокаме многу, треба прво да го одработиме потешкиот дел од задачата“, истакна Васоски.

Следниот предизвик за Васоски и Вардар е гостувањето кај шампионот Струга Трим Лум, закажано за во недела 27 август.