Второто издание на ракометниот турнир во Охрид, „Крсте Андоновски Усташ“ донесе интересни дуели на првиот ден. Така се очекува да биде и денеска, на вториот.
Денешната програма ќе ја отворат српскиот претставник Металопластика и скопски Бутел со натпреварот од11 часот.
По нив следува дуелот на двете македонски екипи. Во терминот од 13:15 домаќинот Охрид и екипата на Голден Арт ќе се борат за првата победа на турнирот.
Во попладневниот и вечерниот термин не очекуваат дерби дуели.
Од 18 часот на програмата е турско-грчката пресметка меѓу Бешикташ и Олимпијакос, додека во 20:15 часот ќе започне натпреварот меѓу македонскиот првак Eурофарм Пелистер и словачкиот Татран Прешов.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.