Ракометарите на ГРК Охрид и Бутел Скопје ги забележаа првите победи на меѓународниот турнир во „Крсте Андоновски – Усташ“ во Охрид.
Во првиот натпревар од денешната програма, во рамките на „Б“ групата, екипата на Бутел славеше победа на Металопласика со 28-26.
Најдобар стрелец во победничката екипа беше Бојан Спасовски со 8 голови и заслужено беше прогласен за МВП на мечот.
Во вториот натпревар, во рамките на групата „А“, домаќинот Охрид го победи Голден Арт со 27-24 нанесувајќи му го на скопскиот тим вториот пораз.
Во тимот на Охрид, воедно и на натпреварот, најефикасни беа Бркиќ и Ојлески кои постигнаа по 8 голови.
Кај поразениот тим се истакнаа, Христијан Милошески постигна 7 гола, Мице Шилегов 6 и Дејан Гошевски со 5 погодоци.
Во попладневниот и вечерниот термин не очекуваат дерби дуели.
Од 18 часот на програмата е турско-грчката пресметка меѓу Бешикташ и Олимпијакос, додека во 20:15 часот ќе започне натпреварот меѓу македонскиот првак Eурофарм Пелистер и словачкиот Татран Прешов.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.