Мохамед Салах е на мета на клубот Ал-Итихад, кој веќе го доведе играчот на „црвените“, Фабињо.
Наводно, тимот од Џеда му нуди 100 милиони долари на Ливерпул, со што брзо би го урнал рекордот на Нејмар во тамошната лига.
Јасно е дека тешко Клоп ќе се откаже од Салах. Американските сопственици би ризикувале заминување на менаџерот, доколку ја прифатат понудата.
Без разлика што Салах има 30 години, Египќанецот е најдобриот играч на „црвените“ и невозможно е да го замени, особено што се ближи крајот на преодниот рок.
Ал-Итихад го предводи поранешниот менаџер на Волвс и Тотенхем, Нуњо Еспирито Санто.
Покрај Фабињо, Бензема, тука е и Канте, како и колонија Бразилци.
„Тигрите“ се шампиони на Саудиска Арабија, титулата ја освоија неодамна, по 14 години пауза.