Во Охрид денеска стартуваше второто издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски-Усташ“.
Веќе се одиграа првите два натпревари. Турскиот претставник Бешикташ и македонскиот првак Еурофарм Пелистер ја оправдаа улогата на фаворити.
На првиот натпревар Бешикташ славеше победа над Голден Арт со 29-23, полувреме 11-11. Во победничката екипа, по пет гола постигнаа Кабеше и Билим, а кај Голден Арт пет рестилизиран Мице Шилегов.
Во вториот натпревар. Шампионот Еурофарм Пелистер очекувано го совлада Бутел Скопје со 32-21 полувреме 12-10.
Тоа е што се однесува до пладневната програма. Попладнево ќе бидат одиграни уште два натпревари.
По свечено отворање на турнирот (17:40 часот), домаќинот Охрид ќе игра против грчки Олимпијакос (18 часот), а во вечерниот термин (20:15 ч.) ќе се сретнат Металопластика – Татран Прешов.