Екипата на Охрид е поразена од Олимпијакос во натпреварот број три на второто издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.
Домаќинот на турнирот пружи голем отпор на фаворизираниот противник кој славеше со 34-31.
Клучната предност гостите од Грција ја направија на самиот почеток на натпреварот кога поведоа со 6-1, а потоа и 7-2. Избраниците на Алушовски се вратија во игра на на пауза заминаа со два гола предност 17-15.
Иако на почетокот на вториот дел охриѓани имаа и моќност за израмнување, сепак не успеаја во тоа. Гостите знаеја како да казнат па одново заминаа на +5 (31-25). Знаеја како ракометарите на Олимпијакос да ја сочуваат предност па на крајот славеа со кончени 34-31.
Во редовите на победникот најефикасен беше Савас со 8 голови. Во тимот на Охрид, Ојлески постигна пет, а со еден помалку завршија Тасески, Бојаниќ, Цирар и Шешиќ.
првиот дел на натпреварите ќе го заокружат, Металопластика – Татран Прешов.
Во првите два денешни натпревари турскиот Бешикташ и македонскиот првак Еурофарм Пелистер ја оправдаа улогата на фаворити, во дуелите со Голден Арт и Бутел Скопје.
Утре (четврток) на програмата се четири нови натпревари, а двојките се:
11:00 Металопластика – Бутел
13:15 Охрид – Голден Арт
18:00 Бешикташ – Олимпијакос
20:15 E. Пелистер Татран Прешов