Александар Васоски ќе го преземе „кормилото“ на стручниот штаб на ФК Вардар. Иако информацијата сеуште официјално не е повредна од клубот, сепак неговата промоција се очекува во текот на денешниот дел.
Тоа ќе биде вражање на Васоски на тренерското место на Вардар. Популарниот „Тетовче“ го предводеше најтрофејниот македонски тим во приодот од 2018 до 2020-та година.
Васоски на 16 јули 2018 година, беше именуван за тренер на Вардар, со кој ја освои шампионската титула во сезоната 2019–2020. Во декември месец истата година, го напушти тимот и замина за Струмица предводејќи ја екипата на Академија Пандев до 2022 година.
Голема е веројатноста Васоски веќе утре да го предводи Вардар во дуелот на домашен терен против лутиот ривал Силекс.