Македонската репрезентативката Матеа Чурлиновска е ново засилување во тимот на Ѓорче Петров.
Матеа е второ засилување на голманската позицијата во тимот откако претходно потпиша Јована Трајковска.
Чурлиновска претходната сезона беше дел од екипата на Куманово со која го освои Купот на Македонија.
Таа потекнува од школата на Деспина од Прилеп. Матеа настапуваше за младинската репрезентација на Европското првенство што се одржа во Романија.
Ѓорче Петров ги продолжи договорите со поголем дел од ракометарките кои играа претходната сезона. Две ракометарки си заминаа од клубот Теодора Дукоска која потпиша за Чаир и Симона Василева се приклучи во тимот на Вардар.
Ѓорче Петров претходната сезона заврши на првото место во женската Супер лига.
Се пласираа и на завршниот фајнал-фор турнир на Купот на Македонија но, во полуфиналето загубија од тимот на Вардар.
Ивона Кимовска