Македонската тенисерка Лина Ѓорческа има скок од десет места на денеска објавената ранг листа на ВТА.

Напредокот се должи на финалето минатата недела на фјучрсот во Осиек. Лина има 315 поени и се наоѓа на 237.то место.

Со ист број поени како и претходната недела (5), Магдалена Стоилковска е рангирана на 1351.то место и има пад за шест места.

Во конкуренција на двојки Лина Ѓорческа е на 282.то место со 285 поени (скок за две позиции).

Александра Симева е рангирана е на 1433.то место со 8 поени (подобар пласман за три места).