Екипата на Бреара Струмица ја продолжи победничката серија на стартот на новата сезона. 

Струмичани славеа победа на гостувањето кај шампионот Струга Трум Лум со 1-2 во последниот натпревар од 3-тото коло.

Младиот состав на Брера, предводен од италијанскиот стратег Валентини Џовани, знаеше како до целта. Ја препушти почетната иницијатива на Струга, а преку брзи контри го загрозуваше голот на домаќините. Таквата игра донесе резултат и водство во 26.минута, кога 20-годиниот  Ване Крстевски со својот трет гол сезонава, донесе водство на Брера од 1-0.

Крстевски имаше шанса и за втор гол, но стружани се спакуваа, па со минимална пресност за Брера се замина и на паузата. 

По само осум минути игра во вториот дел Бесарт Ибраими го совлада одличниот Марко Алчевски за израмнување на 1-1. 

Хендикеп за домашниот тим беше повредата на Марјан Радевски кој предвреме го заврши натпреварот. Тоа знаеја како да го искористат гостите од Струмица кои преку Марио Врдољак во 71-та минута. 

Последната шанса за промена на резултатот ја имаше Ибраими, но Алчевски остана не совладан, па Брера ја славеше третата победа сезонава. 

Така струмичката екипа е единствената која досега има максимални три победи. Покрај Брера и составот на Шкендија има максимален ефект, но тетовци треба да го играат дербито со Струга.