Женската фудбалска репрезентација на Шпанија е новиот Светски шампион.

Шпанките во финалето на 9-тиот женски Мундијал го совлада европскиот првак Англија со 1-0.

Олга Кармона го постигна единствениот гол на натпреварот, но доволен за пехарот наменет за светските шампиони.

Во прилично тежок, а на моменти и динамичен меч, Шпанија успеа да го совлада „на хартија“ фаворизираниот ривал. Досега непоразената Англија беше доминантна во текот на целиот шампионат кој се одигра во Австралија и Нов Зеланд. Сепак, „Горди Албион“ потклекна во финалето.

Голот на Олга Кармона во 29.минута го реши победникот.

Во средината на вториот дел беше досуден пенал за Шпанија, но Џенифер Хермосо не успеа да го реализира најстрогиот пенал .

Англичанките се обидуваа да се вратат, вршеа притисок, но немаа реализација, па резултатот остана не променет 1-0 за „црвената фурија“.

За Шпанија ова е прв трофеј на Светските првенства.