Екипата на ЖФК Атлетико од Битола го официјализира враќањето на Мила Талевска во нивните редови.
Минатата сезона екипата на Атлетико загуби несреќно во бараж натпреварот за влез во првата лига. Оваа сезона ги зголемуваат амбициите и ќе се обидат директно да се пласираат во прва лига. Доказ за тие амбиции е токму трансферот на репрезентативката Мила Талевска.
Мила изминатите сезони го носеше дресот на ЖФК Каменица Саса, од каде што се враќа во Битола. Таа после 7 години, повторно ќе биде дел од тимот на ЖФК Атлетико. Иако имаше можност за да ја продолжи соработката со Каменица Саса и да се бори за врвот во првата лига, сепак избра дека најдобро за неа ќе биде враќањето дома.
Младата екипа на Атлетико со овој трансфер добива лидер на теренот, но и надвор од него, како што истакнуваат и од самиот клуб. Мила претходно беше и капитен на екипата на Атлетико, што значи дека нема да не изненади ако повторно ја добие таа доверба кај тренерот.