Двајцата најдобри тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе играат во финалето на Мастерсот во Синсинати.

Ова е епилогот по ноќеска одиграните полуфинални дуели во кои двајцата тенисери славеа сигурни победи.

Ѓоковиќ во два сета беше подобар од Германецот, Александар Зверев совладувајќи го со со 7:6 и 7:5. Со тоа Србинот, ја оствари 1.086. победа со која се израмни со Рафаел Надал и Иван Лендл. Пред нив се Џими Конорс со 1.274 и Роџер Федерер со 1.251 победи.

Светскиот рекет број 1, Алкараз се изнамачи во дуелот со Полјакот, Хуберт Хуркач. Младиот Шпанец беше и пред елиминација односно спаси меч топка на противникот па во продолжението го доби мечот со 2:6, 7:6, 6:3.

Финалето меѓу Ѓоковиќ и Хуркач ќе се игра вечерва со почеток од 22.30 часот. Ова ќе биде четврти меѓусебен дуел на двајцата тенисери. Шпанецот доби два досега, вклучувајќи го последниот, финалето на Вимблдон.