Екипата на Ливерпул ја оствари првата победа во новата сезона на Премиер лигата. Откако одиграа нерешено со Челзи (1-1), попладнево Ливерпул го совлада Борнмут со 3-1.
Иако работите „Енфилд“ не тргнаа најдобро за домаќините, сепак избраниците на Клоп ги прокнижија трите планирани бода.
Гостите со голот на Семељо во 4-тата минута поведоа со 1-0.
Ливерпул брзо се созеде од неочекуваната негатива. Во 28.минута ба ефектен начин Колумбиецот, Луис Дијаз израмни на 1-1.
Во 36-тата Мохамед Салах не реализира пенал, но Египќанецот се коригира откако топката се одби повторно до него.
Во вториот дел, домаќините останаа со играч помалку. Црвен картон заработи Мекалистер. Но, и тоа на им пречеше на фудбалерите на Ливерпул да постигнат уште еден гол.
За тоа се погрижи, Португалецот, Диого Жота кој во 62.минута ги постави конечните 3-1.