Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев ја сочинуваат втората полуфинална двојка на Мастерсот во Синсинати.

Ова откако двајцата тенисери лесно во два сета ги добија своите противници во четвртфиналето. 

Ѓоковиќ експресно со 6:0 и 6:4 го совлада Американецот, Тејлор Фриц. За Србинот тоа беше 1067-та победа во кариерата, и сега е само една помалку од учинокот на Рафаел Надал.

Ривалот на Ѓоковиќ во полуфиналето Александар Зверев, загуби само гем повеќе во дуелот со Французинот, Адријан Манарин кого го совлада со 6:2 и 6:3. 

Првиот полуфинален пар го сочинуваат светскиот тенисер број 1, Карлос Алкараз и Хуберт Хуркач од Полска.