Реал Мадрид ја оствари втората победа во новата сезона на Ла Лига. 

На гостувањето кај Алмерија Реал славеше со 3-1, а два гола постигна новото засилување Џад Белингам.

Лошо почна мечот за гостите од Мадрид. Уште во 3-тата минута по барзата контра Арибас и донесе водство на Алмерија. 

Не траеше долго радоста на домаќините. веќе во 19-минута со својот прв гол на мечот, Белингам го израмни резултатот на 1-1.

Дека 20-годипниот Англичанец ќе биде достојна замена за Бензема, потврди во 60.минута со својот втор гол за водство од 2-1. 

 Конечниот резултат 3-1 за Реал, го постави Винициус со прекрасен го во 73-тата минута. 

Во следното коло Реал гостува во Виго кај Селта.