Фантастичниот настап на младинското Светско првенство и освоеното 9.место, Ракометната федерација на Македонија знае како да ја вреднува.
Имено Управниот одбој на РФМ донесе одлука со која ќе ги награди младите македонски ракометари, кој го остварија овој успех.
Националниот тим ќе подели сума од 1 милион денари, решија од РФМ.
Воедно, УО го одреди 2 септември како ден кога ќе се одржи редовното годишно Собрание, на кое ќе се решава за системот на натпреварување во двете конкуренции за сезоната 2024/2025.