Мала утеха за неуспехот на македонските кошаркари во пред-квалификациите за ОИ во Париз, е настапот Ти Џеј Шорц.
Македонскиот репрезентативец, Шорц, заедно со Босанецот Џанан Муса, се најдобрите стрелци по првата рунда пред-квалификациите.
И на турнирот во Талин, Американецот со македонски пасош ја потврди својата класа.
Има просек од 20.поени на натпревар, идентичен како и ефектот на Џанан Муса од БиХ. Веднаш зад овој ударен двоец е Золтан Перл (Унгарија) кој има просек од 19.3 поени.
Нуркиќ е најдобриот скокач со просек од 8скока по натпревар. По Босанецот следуваат Гиорги Голоман (Унгарија), односно Сандер Раиесте (Естонија) со по 7.7.
Пољакот, Матеуш Понитка е најдобриот асистент со просечни 7.7 асистенции.