На отвореното игралиште крај женската плажа „Горан Попоски Бабец“, од денеска до недела ќе се играат натпреварите на традиционалниот Струшки ракометен турнир
На 51-то издание на Струшкиот ракометен турнир, ќе настапат шест екипи поделени во две групи.
Во конкуренцијата „А“ ќе играат македонскиот вице-првак Алкалоид, грчкиот АЕК и српската екипа Динамо од Панчево.
Ривали на скопски Вардар во групата „Б“ ќе бидат домаќинот Струга и шведскиот тим Гуиф.
Првите три дена на програмата се играат по два натпревари (од 18:30 и 20:30 часот).
Турнирот ќе го отворат повеќекратниот победник Вардар и домаќинот Струга, по што од 20 часот предвидено е свеченото отворање. По дефилето на екипите, ќе следува и натпреварот меѓу Алкалоид и Динамо Панчево.
И во наредните два дена, во истите термини ќе се играат по два натпревари, додека последниот ден на програмот се три средби.
Во утринските часови (10.30 ч) ќе се одигра натпреварот за 5.место, а попладнето и вечерва, натпреварот за 3.мести и финалето.