Екипата на Алкалоид со победа стартуваше на Меѓународниот турнир “Струга 2023

Во вториот натпревар од денешната програма Алкалоид го победи српскиот претставник РК Динамо Панчево со резултат 27-23.

Избраниците на Кирил Лазаров во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот, па Алкалоид на пауза замина со 12-9.

Иако гостите од Србија постојано обидуваа да ја анулираат негативата тоа не им успеваше. Завршниот удар Алкалоид го зададе кон средината на вториот дел кога стигна до најголеми пет гола предност (18-13).

Таквото водство македонскиот вице-првак знаеше да го сочува и на крајот за слави со конечни 27-23.

Во победничката екипа најефикасен беше Кристијан Симоноски со шест гола, а Мартин Серафимов заврши со четири

Ова беше прв дуел од А групата во која утре ќе играат Динамо Панчево и грчкиот АЕК кој ќе биде противник на Алкалоид во сабота.