Тимот на Атлетико Мадрид со многу мака, но заслужено, ја почна сезоната во Ла Лига со победа. Најзаслужен за овој триумф на „јорганџиите“ беше Мемфис Депај по постигна еврогол. 

Атлетико потешко од очекуваното пред своите симпатизери словеше победа со 3-1 во дуелот со Гранада.

До првиот гол се чекаше се до судиското дополнение (45+4) на првото полувреме, кога Алваро Мората ја искористи заспаноста на гостинската одбрана. 

Но, тоа не ја поколеба екипата на Гранада која покажа огромна желба да освои барем бод. Во вториот дел, односно 62-минута, 19-годипниот Саму ја казни нерешителноста на домашната одбрана.

Потегот на вечерта дојде пет минути подоцна. Мемфис Де Пај во 67-минута со еврогол повторно му донесе предност на Атлетико. 

Гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, но никако не успеваат да ја пробијат одбраната на домашниот тим.

Кога сите очекуваа крај на натпревар, Маркус Љоренте (90+8), ги постави конечните Атлетико Мадрид – Гранада 3-1.