Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски бележи пад од две позиции на АТП листата.

Калин кој минатиот понеделник го имаше својот најдобар пласман во кариерата и беше рангиран на 306-тото место, сега е на 308-мата позиција.

Ивановски минатата седмица во раната фаза го заврши турнирот во Бања Лука. Оваа седмица тој ќе настапи во Полска.

Калин ќе игра на Челинџер 100 турнирот во Грожицк Мазовиецки за награден фонд од 118.000 евра.

Горазд Србљак остана со 8 поени, но сега се наоѓа на 1135.то место. Обрад Марковски со 6 поени е рангиран на 1232.то место.

Во конкуренција на двојки Ивановски има два поена помалку од претходната недела и се наоѓа на 617.то место (пад 9 места).

Марковски е рангиран 1027.место, Берк Бугариќ е 1332-ри со 16 поени. Србљак се наоѓа на 1922.то место – 4 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е 2022.ри со 3 поени.