Чешка со победа над домаќинот Естонија ја отвори нашата претквалификациска група за Олимписките игри 2024 година во Париз.
Чесите и без најголемите ѕвезди во тимот Саторански и Весели во тесен меч успеа да слави над Естонија со 77-74.
Мечот беше решен во последната четвртина кога Чешка беше поумешна во завршните минути.
Вит Крејчи постигна 20 поени, а Кижлинк 16. Кај Естонија, најдобар беше Конотсук со 16 коша.
Во оваа група игра и Македонија, која во моментов игра против Израел каде ќе се обидат да стигнат до првата победа во овие претквалификации.