Екипата на Рајо Ваљакано чија мрежа ја брани македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, со победа ја почна новата сезона во Ла Лига.
Во премиерниот меч Рајо славеше на гостувањето кај Алмерија со 2-0.
Двата гола гостите ги постигнаа од пенал во првиот дел . Првиот во 20-тата минута го реализира Павазон, а вториот во 28-минута Нтека.
Домашниот тим имаше две големи шанси, но Димитриевски во 33-тата и 38-та минута имаше брилијантни интервенции. И во вториот дел Столе во неколку наврати ги потврди своите квалитети и не дозволи неговата мрежа да биде затресена.
Во воведното коло, вечерва се игра и дуелот меѓу Севиља и Валенсија од 22 часот.
HIGHLIGHTS: #AlmeríaRayo 0-2@RayoVallecano took the first half by storm 💪#LALIGAEASPORTS | #LALIGAHighlights pic.twitter.com/uLR6aOBZqa
— LALIGA English (@LaLigaEN) August 11, 2023