Македонската кошаркарска репрезентација утринава отпатува за Талин каде ќе ги игра натпреварите од пред-квалификациите за ОИ во Париз.
Во и онака „ровкиот“ тим на Македонија, ќе го нема најдобриот. Имено Ненад Димитриевиќ поради повреда остана во Скопје.
„Нено се пожали на болка во тетивата, како што ме информираа од лекарскиот тим, станува збор за истегнување, повредата не е премногу сериозна, но бара мирување во следните денови и доаѓа во најлош момент за нас“, потврди селекторот пред заминувањето.
На негово место повикан е Андреј Шошкиќ. Така тимот кој ќе се бори за настап на Олимпијадата е следниот: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески, Марко Миловановиќ и Андреј Шошкиќ.
Во првиот натпревар (сабота) противник е Израел. Ден подоцна следува дуелот со домаќинот Естонија, а во вторник и средбата до Чешка.
Двете прво пласирани селекции ќе продолжат на вториот турнир во Полска.