Поранешниот македонски репрезентативец Бесат Ибраими забележа хет-трио во победата на Струга Трим Лим прпотов луксембуршкиот над Есперанж.

Во првиот натпревар од 3.коло од квалификациите за Конференциската лига Струга ТЛ славеше над Есперанж со 3-1. Ибраими беше стрелец на сите три гола за стружани.

Во интересното прво полувреме во кое двете екипи играа отворено и создаваа шанси, подобро се снајде македонскиот шампион.

По кардиналната грешка на гостинскиот голман, најдобро се снајде Бесарт Ивраими кој во 22-та минута им донесе водство на стружани. Во 31.минута Ибраими се обиде од слободен удар, но овојпат гостинскиот голман беше на висина на задачата.

Две прекрасни интервенции на спротивната страна имаше и струшкиот голман Ќосевски во 32-та и 44-тата минута.

Во меѓувреме. Во 38-минута беше досуден пенал за Струга, кој во водство од 2-0 го материјализира Ибраими со својот втор гол.

По само една минута игра во второто дел (46) гостите од Луксембург преку Германецот, Доминик Штолц намалија на 1-2.

Иако гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, сепак искусниот Ибраими со својот трет гол во 77-минута (повторно од пенал), им обезбеди убава предност на стружани.

Реванш натпреварот во Луксембург ќе се игра следниот четврток во терминот од 20 часот.

Потсетување дека победникот од овој двомеч ќе се пласира во плејофот, односно последната рунда квалификации пред фазата по групната.