Бразилскиот фудбалер Лелис Фигуередо Педрињо е најновото засолување на екипата на Вардар.

По обработените комплетни подготовки со екипата, стручниот штаб на чело со Бобан Грнчаров одлучи да го задржи 22 годишниот бразилски офанзивен играч за врска.

Педрињо е шесто засилување за црвено-црбните во летниот преоден рок.

Тој во редовите на Вардар доаѓа од екипата на Минор Перник.

Во својата кариера Педрињо настапувал и за бразилските екипи на Индепенте де Лимеира и Наутик.