Дерби дуелот од 2.коло на ПМФЛ, меѓу Шкендија и Струга ТЛ, нема да се игра викендов. По барање на актуелниот шампион Струга ТМ, а во договор со клубовите, комисијата за натпреварување при ФФМ; направи неколку промени.

Станува збор за натпреварите на стружани во 2, 3 и 3-коло.

Така, првата „домашна“ обврска стружани ќе ја имаат на 21 август кога ќе ја пречекаат АК Брера Струмица. Потоа ќе следува „езерското“ дерби со Воска Спорт, а на крајот на месецот и дербито во Тетово.

3. коло: СТРУГА Трим Лум – АП БРЕРА Струмица: 21. август (понеделник), 17:00 часот
4. коло: ВОСКА Спорт – СТРУГА Трим Лум: 27. септември (среда), 15:00 часот
2. коло: ШКЕНДИЈА – СТРУГА Трим Лум: 30. август (среда), 16:00 часот

Сето ова се должи на настапот на Струга ТЛ во Конференциската лига, во која македонскиот првак има и изгледни шанси да стигне до групната фаза.