Започнува уште една сезона во Првата македонска фудбалска лига. Оваа сезона ќе биде 32-ра за македонскиот фудбал, а првата беше во далечната 1992 година.
Во новата сезона улогата на бранител на титулата ќе ја има екипата на Струга Трим Лум. Воска Спорт, Гостивар и Вардар се новитети во лигата кои се пласираа од Втора лига. Елитното друштво го напуштија Победа и Скопје.
Првата лига оваа сезона ќе брои 12 екипи, а освен горенаведените тука се и екипите на Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Силекс, Тиквеш, Брера, Брегалница, Шкупи и Шкендија.
Повратникот во Прва лига, екипата на Вардар го има приматот најтрофеен клуб, со освоени 11 титули во домашното првенство.
Позади Вардар, 4 освоени титули има екипата на Работнички, исто толку има и екипата на Шкупи, меѓутоа три титули им се под првото име Слога Југомагнат.
Друштвото со 4 освоени титули го завршува екипата на Шкендија, а по неа со 3 титули се наоѓа кратовски Силекс.