Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во пријателски натпревар на „Олд Трафорд“ го совладаа француски вицешампион Ленс со 3:1.
Тоа беше можност за навивачите на Јунајтед да ги видат нови засилувања, вклучувајќи го и новиот голман Андреа Онана. Сепак новиот чувар на мрежата не се прослави на премиерата, бидејќи прими гол од средината на теренот по ударот на Сотока.
Сепак ваквиот кикс на Онана домашните навивачи може брзо да го заборават бидејќи нивниот тим побнеди. Јунајтед целосно го сврте резултатот на стартот од вториот дел. За само 10-минути постигна три гола и победи со 3:1. Стрелци беа Маркус Рашфорд и Бразилците, Ентони и Касемиро .
Пред оваа победа Манчестер Јунајтед имаше серија од три порази во пријателските натпревари. Јунајтед новата сезона сќе ја започне на 14 август со натпревар против Вулверхемптон на домашен терен.