Машката кошаркарска репрезентација на Македонија е во Белград. Црвено-жолтите таму попладнево ќе одиграат првиот од двата контролни натпревари со селекцијата на Полска. 

Селекторот Александар Јончевски, на располагање ќе ги има сите 12-мина кошаркари. Иако беше најавено дека поради повреда во Скопје останува Љубомир Младеновски. Тој е во експедицијата и го одработи утринскиот тренинг. Но, дали и колку ќе може Младеновски да му се стави на располагање на селекторот, останува да се види.   

Овие дуел се единствените контроли кои ќе ги имаат македонските кошаркари пред стартот на  олимписките пред-квалификациите.

Согласно договореното, натпреварите помеѓу репрезентациите на Македонија и на Полска ќе се играат во спортскиот центар „Ранко Жеравица“. Денешниот ќе започне од 18 часот. По кратка пауза за одмор вториот ќе се одигра утре од 12 часот.

По тој натпревар репрезентацијата се враќа во Скопје каде ќе ги одработи последните денови од подготовките пред заминувањето за Естонија, планирано за 10.август.