Екипата на ЖФК Каменица Саса продолжува со составување на тимот за следната сезона. Во само неколку денови официјализираа трансфер на уште една бразилка.
Следната сезона на голот на Каменица ќе биде Рената Бруна Фереира Да Силва, која доаѓа од бразилското првенство. Нејзина последна екипа е Авај Киндерман, од каде што доаѓа во Каменица. После заминувањето на Јелена Гвоздерац и Марија Јаневска, голманската позиција остана празна, а Рената ќе биде одлична замена.
Со овие трансфери Каменица Саса дава дознаење дека следната сезона има намера да ја нападне првата позиција во лигата.