полека наближува стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација денеска го објави делегирањето за натпреварите од првото коло.
Сезоната ќе биде отворена во недела (6 август) од 17 часот за кога се закажани пет од шесте натпревари.
Последниот меѓу Работнички и Шкупи ќе се игра во понеделник (7 август). Ова поради денешниот настап на чаирчани во квалификациите за Конференциската лига и дуелот со Левски.