Премиер лигата усвои нов пакет мерки кој вклучува построги казни за фудбалерите кои недолично се однесуваат за време на натпреварите.

Со овие мерки во ФА, сметат дека ќе се стави крај на недоличното однесување пред се на фудбалерите. Воедно судиите дополнително ќе бидат заштитени.

Тие предвидуваат. Играчот повеќе нема да може да се соочи со судијата, да влезе во неговиот личен простор или да има физички контакт со судијата.

Доколку двајца или повеќе фудбалери го опкружуваат судијата во „конфронтациски стил“, тие веднаш ќе бидат казнет со жолт картон.

„Решени сме да го ресетираме однесувањето на фудбалските терени. Во многу лоша состојба е и ќе се занимаваме со подобрување на однесувањето на трибините“,
се вели во соопштението на англиската фудбалска федерација.

Исто така, менаџерите во иднина ќе мора да присуствуваат на состанок со судијата пред натпреварот.

Новите мерки предвидуваат дека никој без посебна дозвола, нема да смее да остане во техничкиот простор до теренот.