Лина Ѓорческа успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во германскиот град Хешинген.
Таа беше подобра од Тена Лукас од Хрватска со 2-1 во сетови (46 63 62) за 2 часа игра.
Првиот сет и припадна на хрватската тенисерка која направи два брејка и поведе со 4:1. Иако нашата тенисерка ја врати неизвесноста и изедначи на 4:4, сепак Хрватската го доби сетот со 6:4.
Во вториот сет до 3:3 беше изедначено. Во осмиот гем Ѓорческа направи брејк за 5:3 и сетот го доби со 6:3.
Во решавачкиот сет се водеше голема борба, особено во шестиот гем во кој беа одиграни беа одиграни 22 поена. Ѓорческа го доби гемот и поведе со 4:2. Токму тоа се покажа како решавачки, а нашата тенисерка го заврши сетот со 6:2.
На овој турнир што се игра за награден фонд од 60.000 долари Ѓорческа со Алена Фомина-Клоц ќе настапи и во конкуренција на двојки.