Лука Дончиќ со Словенија на претстојниот Мундобаксет, сака да го поправи лошиот резултат од настапот на последното Европско првенство.
„Како и на секој турнир, целта е да се освои шампионатот. Ланскиот неуспех на Евробаскетот не не разлути премногу, не мотивираше. Мора да се гледа напред, не е важно што се случи минатата година“, изјави Дончиќ.
Тој изјави дека многу му значи капитенската лента и дека едвај чека да започне првенството.
„Чест ми е што сум капитен. Селекторот и играчите донесоа одлука. Задоволен сум што ќе играм за репрезентацијата, а бидејќи немам играно од 10 април, едвај ги чекам натпреварите“, нагласи Дончиќ.
Словенија е во групата Ф со Грузија, Венецуела и Зеленортските Остров.
Светското првенство ќе се игра во Јапонија, Индонезија и Фикипини, а ќе започне на 25 август.