Jапонецот, Косуке Јасухира (23 г) и официјално е промовиран како нов член на РК Вардар.
Јапонскиот ракометар го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности и средниот бек претстојната сезона ќе игра во дресот на Вардар. Тој веќе една седмица тренира со екипата на Вардар.
Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а Вардар има приоритет доколку сака да го откупи неговиот договор. Тој е првиот Јапонец што ќе биде дел од Вардар.
Јапонецот доаѓа од полската Висла Плоцк каде лани настапуваше и беше пријавен и за Лигата на шампионите. Не доби голема минутажа поради големиот број на играчи што настапуваа на таа позиција. Претходно играше и за француски Ник, и во имаше натпревари и од Лига Европа.
Потекнува од јапонскиот Нипон Универзитет, игра на среден бек, поседува брзина и експлозивност. Веќе цела седмица тренира со Вардар, прво во Скопје а сега и во Маврово и веќе се вклопува во екипата.