Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација претрпе нов, петти пораз во второлигашката конкуренција на Европското првенство.
Овојпат избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ се поразени од Естонија со 90-99.
Во натпреварот за пласман од 13 до 16 место, Естонците речиси цел натпревар беа подобар противник. Го контролираа резултатот во најголемиот дел од натпревари, исклучок во третиот период кога црвено-жолтите во два наврати имаа минимална предност.
И овој пат нашите млади „таленти“ повеќе размислуваа за индивидуалниот учинок отколку да колективната игра. Па, таквиот пристап и без залагање во одбраната резултираше без малку со 100 примени поени.
Има ли контрола и авторитет селекторот над овие млади момчиња, ќе треба да одговори по завршувањето на првенството!?
Целиот тим делува на распашана дружина и повеќе од јасно дека секој си игра за себе.
Така останува само уште еден натпревар. Утре во последниот нашите јуниори ќе разигруваат за пласман на 15-тото место. Противник ќе биде селекцијата на Украина која вечерва беше совладана од БиХ со 83-72.