Холандскиот Ф1 пилот Макс Верстапен од Ред Бул по шестти пат беше најбрз во квалификациите оваа сезона во Формула 1. Но нема трката да ја почне од првата позиција на неделната трка во ,,Спа,,.
Пилотот на Ред Бул доби казна од 5 места затоа што го смени менувачот на неговиот болид, па трката во најдобар случај може да ја почне од шестото место.
Така проценија во тимот дека сега е најдобро време да се направи ова и да се добие казната за смена на компоненти затоа што патеката има многу места каде што може да се престигнува.
Актуелниот шампион и лидер во шампионатот Верстапен се избори за нова пол-позиција негова 28-ма во кариерата.
Веднаш до него од второто место ќе стартува Лејкерк од Ферари кои конечно извозе добри квалификации. Од третот место трката ќе ја почне вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.
По првата тројка следува Луис Хамилтон од Мерцедес. Па Саинц, двајцата возачи на Мекларен Пиастри и Норис, па Расел и возачите на Алфа, Алонсо и Строл.
Утре на програта ќе се возат и две спринт трки од 12 и 16.30 часот, а трката за белгиското Гранд-при на програмата е в недела со почеток од 15 часот.