Реал Мадрид го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0 во контролниот натпревар одигран во Хјустон.
Реал поведе веќе во шестата минута со голот на новајлијата Џуд Белингем, кој дојде од Борусија Дортмунд. По прекрасната долга топка која од својата половина терен ја упати Рудигер, младиот Белингем реализира за 1-0.
Во вториот дел уште подобар момент.
Лукас нафрли од десната страна, а Хосела на ефектен начин со „ножички„ погоди за конечни 2:0.
Ако денот по утрото се познава, тогаш Реал и без Бензема делува моќно, а добро потврди дека го погодија и засилувања.