Сите 12 екипи кои обезбедија настап во новата сезона на ПМФЛ, добија „зелено светло“ за учество.

Ова го потврдија од Фудбалската федерација на Македонија, откако беше комплетирана документацијата на новите прволигаши, Вардар и Воска.

Во информацијата на ФФМ се вели.

Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубовите за учество во ПРВА МФЛ во натпреварувачката сезона 2023/24, а по преглед на доставената документација согласно правилниците за издавање на дозволи на клубови за учество во натпреварувања во организација на ФФМ, ги донесе следните одлуки:

Се издава лиценца за учество во ПРВА МФЛ за натпреварувачката сезона 2023/24 на клубовите:
1. ФК АП Брера АД – Струмица
2. ФК Брегалница 2008 АД – Штип
3. ФК Вардар АД – Скопје
4. ФК Воска спорт АД – Охрид
5. ФК Гостивар АД – Гостивар
6. ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
7. ФК Работнички АД – Скопје
8. ФК Силекс АД – Кратово
9. ФК Струга Трим Лум АД – Струга
10. ФК Тиквеш 1930 АД – Кавадарци
11. ФК Шкендија АД – Тетово
12. ФК Шкупи 1927 АД – Скопје

По комплетирањето на процесот за лиценцирање и донесените одлуки, Комисијата за натпреварување го закажа извлекувањето на распоредот на натпревари.

Така, во четврток (27 јули) во 11 часот во „Куќа на фудбалот“ ќе биде извршена ждрепката по која ќе се знае распоредот и календарот на натпревари за ПМФЛ за сезоната 2023/24.